23 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед го декласира Лестер

Јунајтед го декласира Лестер

nb

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го декласираа Лестер 4-1 во првиот натпревар од шестото коло во Премиерлигата. Јунајтед по мини кризата и трите порази во серија го запиша вториот триумф во последните три дена, додека актуелниот првак го доживеа третиот пораз во првенство.

Манчестер Јунајтед за нецели 25 минути го декласира Лестер и го запиша четвртиот триумф во првенството.

По здодевните почетни 20 минути на „Олд Трафорд“, Јунајтед до крајот на полувремето одигра фуриозно и со четири гола го реши победникот.

Серијата ја отвори Смолинг во 22-та минута, потоа Мата постигна гол за 2-0 во 37-та, а три минути подоцна Рашфорд го постигна третиот гол. Четвртиот гол за Јунајтед беше дело на Погба во 42-та минута.

Почесниот гол за актуелниот првак го постигна Греј во 56-та минута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП