4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГвардиола подготвил 60 млн. евра за Бонучи

Гвардиола подготвил 60 млн. евра за Бонучи

bonuci 333

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, одново ќе се обиде да го донесе дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи. Англиските медиуми пренесуваат дека Гвардиола подготвил 60 милиони евра за трансферот на италијанскиот репрезентативец.

Гвардиола се обиде но не успеа во летниот преоден рок да го донесе Бонучи, а откако пропадна тој трансфер, тогаш на „Итихад“ за 50 милиони евра притстигна Џон Стоунс.

Меѓутоа, и покрај трансферот на Стоунс, Сити во овој момент има само уште еден вистински централен дефанзивец, тоа е Николас Отаменди, со оглед на тоа дека капитенот Венсан Компани со месеци е повреден.

Поради ова, Гвардиола, како што тврдат медиумите во Англија, во јануари повоторно ќе се обиде да го донесе Бонучи. За да ја оствари својата намера тој е подготвен да го урне трансфер рекородот за еден дефанзивец и на Јувентус ќе му понуди 60 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП