24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСерена го откажа настапот на турнирите во Вухан и Пекинг

Серена го откажа настапот на турнирите во Вухан и Пекинг

серена

Серена Вилијамс го откажа настапот на турнирите во Кина, во Вухан (25.септември-1.октомври) и Пекинг (1.до 9.октомври).

Официјално, Американката се откажа од настапот на овие турнири поради повреда на рамото и дека на терените ќе се врати на завршниот Мастерс во Сингапур (23. до 30.октомври).

„Многу ми е жал што нема да можам да играм во Вухан и Пекинг. Имам проблем со рамото. Можам да тренирам, но не сум подготвена за натпреварување. Се обидувам да се подготвам за настап на завршниот Мастерс во Сингапур“, рекла Серена Вилијамс.

Од друга страна, тренерот на Серена Вилијамс, Патрик Муратоглу, не е задоволен од она што се случувало во 2016 година.

„Серена имаше многу проблеми со повредите. Не можеме да бидеме задоволни со освојувањето на само еден Грен слем турнир и две загубени финалиња“, рекол Муратоглу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП