10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКрај на една ера, Онеста повеќе не е селектор на Франција

Крај на една ера, Онеста повеќе не е селектор на Франција

onesta 353

Клод Онеста, творецот на една од најмоќните репрезентации во историјата на ракометот, нема да ја предводи Франција на Светското првенство во јануари наредната година, откако челниците на Федерацијата решија дека е време тој функцијата да му ја препушти на некој друг.

Онеста со популарно наречените „експерти“, освои сѐ што може да се освои на репрезентативно ниво, доминираше во светскиот ракомет повеќе од една деценија, но резултатите на последните две големи натпреварувања го забрзаа неговото повлекување од националниот тим.

Франција киксираше, односно не ги одбрани златните медали на Европското првенство во Полска и Олимписките игри во Рио де Жанеиро, па поради тоа челниците на Федерацијата решија тој предвреме да ја напушти функцијата, иако неговото заминување беше планирано по Мундијалот кој ќе се одржува во Франција.

Француската ракометна федерација реши Онеста да го замени Дидие Динар, долгогодишен репрезентативец, кој на последните неколку големи натпреварувања му беше прв асистент.

Онеста, кој со Франција меѓудругите освоил три светски и европски, односно две олимписки титули, во иднина ќе биде генерален менаџер на Француската ракометна федерација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП