18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ: Размислував да се откажам од тенисот во 2010

Ѓоковиќ: Размислував да се откажам од тенисот во 2010

ѓоко

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, открил дека најголемата криза во кариерата ја имал во 2010 година, кога дури и размислувал да се откаже од тенисот.

„Тогаш прв пат во животот се запрашав дали воопшто треба да играм тенис. Тоа беше клучен момент во мојата кариера“, рекол Ѓоковиќ.

Инаку, во 2010 година Новак Ѓоковиќ загуби во четвртфиналето на Ролан Гарос од Јирген Мелцер, испуштајќи предност од 2-0 во сетови и 3-2 во третиот сет.

Шест години по мечот со Мелцер, Ѓоковиќ успеа да го освои Роланд Гарос и да влезе во одбраното друштво на тенисери кои имаат најмалку по еден трофеј на сите Грен слем турнири.

Српскиот тенисер открил и кои му се најдобри моменти во кариерата.

„Освојувањето на Девис купот со Србија во 2010 година, титулите на Вимблдон во 2010 и 2014 и најдолгото Грен слем финале во историјата на тенисот, против Рафа Надал во 2012 година, во Мелбурн“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП