17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМеѓу глобалните ТОП 5 банки нема место за Deutsche Bank

Меѓу глобалните ТОП 5 банки нема место за Deutsche Bank

dbanka 9993

Според последните актуелни пресметки најголемата германска банка „Deutsche Bank“ веќе не спаѓа во ТОП 5 на најголеми инвестициски банки во светот.

Како што покажуваат податоците на аналитичката услуга „Coalition“ кон крајот на првото полугодие на 2016-та година, банката го губи местото во меѓународниот рејтинг и доаѓа на шестата позиција, откако пред една година беше на третата. Па сега излегува дека сите институти во ТОП 5 се од САД, пренесува Ројтерс.

Лидер според приходите продолжува да е „JPMorgan“, следена од „Goldman Sachs“, „Citigroup“, „Bank of America“ и „Morgan Stanley“.

По „Deutsche Bank“ се рангираат „Barclays“, швајцарската „Credit Suisse“, „UBS“, „HSBC“, „BNP Paribas“ и „Societe Generale“.

Податоците ги вклучуваат приходите на банките од пазарните активности, како трговија со обврзници и акции, така и класичните инвестициони банкарски активности, како на пример консултантски услуги за клиентите и помагање на финансиски теми.

Според самата „Deutsche Bank“ таа неодамна намерно редуцирала дел од овој бизнис во текот на реструктуирањето, па падот до шестото место не е изненадување. Пред „Financial Times“ од банката појаснуваат дека резултатот од рангирањето се одразува од стратегијата на компанијата. Таа се уште е најголемата инвестициска банка надвор од САД. „Credit Suisse“, другата главна европска инвестициска банка, паѓа од седмо на осмото место. Швајцарската банка исто така е во процес на длабоко реструктуирање.

Откако минатата година стана јасно дека Министерството за правда на САД ќе инсистира „DB“ да плати 14 милијарди долари, за да се договори вонсудски спорот поврзан со хипотекарните хартии од вредност, банката продолжува да е во фокусот на инвеститорите и дури на политичарите. Курсот на акциите се блиску до рекордното дно, а и меѓу политичарите се зголемува загриженоста. Финансиери од редовите на социјалдемократите се собрале на вонредна седница, на која ќе ја дискутираат финансиската состојба на најголемата банка во Германија, пренесува „Bloomberg“.

Според учесниците на средбата некои пратеници од „SPD“ покажале загриженост за нивото на на глобата од 14 милијарди евра, бидејќи одредбите на банката за сите тековни правни спорови се само за околу 5,5 милијарди евра. Покрај тие го критикуваа предвременото објавување на можната сума.

Загриженоста на инвеститорите за финансиската состојба на банката одамна ја земат во предвид во Берлин. За време на состанокот на работната група на социјалдемократите не била земена евентуална државна помош за финансиската група со седиште во. Финансиските експерти се надеваат дека вонсудската спогодба на „Deutsche Bank“ со Министерството за правда на САД ќе биде за помала казна. Берлин очекува преговорите да доведат до „фер резултат“, изјави Фредерик фон Тизенхаусен, портпарол на Сојузното министерство за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП