6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрва победа за Валенсија

Прва победа за Валенсија

vale

Екипата на Валенсија ја забележа првата победа во првенството и ги освои првите бодови, откако во последниот меч од петтото коло славеше против Депортиво Алавес со 2-1.

Без тренер, откако Пако Ајестаран по четири порази доби отказ, фудбалерите на Валенсија ја забележаа првата победа во Примера. На „Местаља“, Валенсија го победи Алавес и на новиот прволигаш му го наненсе првиот пораз во првенството.

Валенсија среќно стигна до првите бодови сезонава, откако до 1-0 дојд со автоголот на Лагвардија во 28-та минута, а победата ја обезбеди Дани Парехо во 88-та минута од сомнително досудениот пенал. Голот за Алавес го постигна Пинедо во 70-та минута.

На дурите две средби кои го комплетираа колото Легањес победи во Ла Коруња 2-1 со головите Лусијано и Габриел, а со идентичен резултат во Осасуна до победа стигна Еспањол, Лео Баптистао и Морено беа стрелци на головите со кои Еспањол ја запиша првата победа во сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП