10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ и Карпош Соколи финалисти во Суперкупот

МЗТ и Карпош Соколи финалисти во Суперкупот

мзт-соколи

МЗТ Скопје и Карпош Соколи ќе се борат за првиот трофеј на домашната сцена, откако со победите над Фени индустри, односно Куманово, изборија пласман во финалето на Суперкупот.

Актуелниот шампион и бранител на трофејот во Суперкупот, МЗТ, во првиот меч на турнирот, кој се игра во „Јане Сандански“, го декласира Фени индустри со 83-50. Американецот, кој ова лето пристигна во екипата од Аеродором, Џошува Смит со 14 кошеви го предводеше МЗТ.

Малку повеќе неизвесност имаше во вториот полуфинален дуел во кој Карпош Соколи славеа 82-72 против Куманово. Најефикасен играч на натпреварот беше Данило Мијатовиќ од Куманово со 21 поен.

Финалниот меч ќе се одигра денес од 20:30 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП