2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед против Сити во Лига купот

Јунајтед против Сити во Лига купот

ibra m33

Ждрепката во англискиот Лига куп, во четвртото коло, ги спои манчестерските клубови Јунајтед и Сити. Покрај манчестерското, во четвртото коло, ќе се одигра и лондонското дерби Вест Хем и Челзи.

Дуелот на 24.октомври, во Лига купот, ќе биде второто соочување на Јунајтед и Сити од почетокот на сезоната. Првото дерби, одиграно во Премиерлигата, му припадна на Сити (2-1).

Покрај дуелот Јунајтед-Сити, внимание во оваа рунда привлекува и лондонскиот дуел Вест Хем-Челзи, како и пресметката помеѓу Ливерпул и Тотенхем.

Лига куп, 4.коло: Вест Хем-Челзи, Манчестер Јунајтед-Манчестер Сити, Арсенал-Рединг, Ливерпул-Тотенхем, Бристол-Хал, Лидс-Норич, Њукасл-Престон, Саутемптон-Сандерленд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП