5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКошаркарите ќе играат предквалификации за Мундијалот во 2019 година

Кошаркарите ќе играат предквалификации за Мундијалот во 2019 година

kosar

Македонските кошаркари низ квалификациите не успеаја да изборат пласман на Европското првенство кое наредната година ќе се одржува во Израел, Финска, Романија и Турција.

Во квалификациската група Македонија со скор од две победи и четири порази го освои претпоследното место, што предизвика шпекулации дека кошаркарите можат да се преселат во Б дивизијата.

Во средата, ФИБА, се огласи со соопштение, дека оние 16 селекции кои не изборија пласман на Европското првенство, наредното лето, ќе играат предквалификации, а најдобрите осум ќе бидат вклучени во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2019 година.

Квалификациите ќе се играат од 2. до 19.август, а покрај Македонија ќе играат селекциите на Австрија, Холандија, Данска, Швајцарија, Кипар, Босна и Херцеговина, Естонија, Белорусија, Шведска, Португалија, Словачка, Бугарија, Косово, Албанија и Луксембург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП