26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШарапова казнета поради мелдониумот, американска тенисерка мина без санкции

Шарапова казнета поради мелдониумот, американска тенисерка мина без санкции

am teniserka

Мелдониум, лек кој од почетокот на јануари оваа година се наоѓа на листата на забранети супстанци на Меѓународната анти-допинг агенција (WADA), е причината поради која Марија Шарапова е суспендирана од тениските терени. Оваа одлука на WADA не би била спорна, доколку истата таа организација не и дозволила на Американката Варвара Лепченко непречено да игра тенис, иако таа четири пати била позитивна на оваа супстанца.

Германската агенција DPA, објави дека Лепченко, која на ВТА листата се наоѓа на 79-то место, четири пати од почетокот на годината била позитивна на мелдониум, супстанцата поради која е казнета петкратната грен слем шампионка Шарапова, но дека таа минала без казна.

Лепченко, која настапува за САД е родена во Узбекистан, користела мелдониум, а нејзините допинг тестови направени на 7.јануари, 1. февруари, 1. март и 7.април, биле позитивни на мелдониум.

Објаснувањето на Лепченко е дека таа овој лек го користела до крајот на декември минатата година и дека траги од лекот останале во нејзиниот организам поради што тестовите и биле позитивни.

WADA во своето соопштение вели дека привремената суспензија на Лепченко е укината бидејќи на секој нареден тест нивото на мелдониум во нејзиниот организам опаѓал. Според Меѓународната анти-допинг агенција Лепченко „не ги прекршила правилата со намера, туку со своето невнимание“.

DPA потсетува дека мелдониум е лек кој се произведува во Летонија и ја стимулира циркулацијата на крвта кон срцето.

Инаку, Шарапова тврди дека како дел од терапија го користела лекот додека тој бил легален, а дека нејзина грешка е што не го прочитала дописот на WADA, која ги известила сите спортисти дека овој лек од 1.јануари ќе биде на листата на недозволени средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП