28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВаленсија го смени тренерот Ајестаран

Валенсија го смени тренерот Ајестаран

валенсија

Само четири одиграни натпревари беа доволни челниците на Валенсија да му врачат отказ на тренерот Пако Ајестаран. Валенсија по четири одиграни натпревари е единствениот тим без освоен бод.

Четирите порази во воведните четири кола во Примера, кои Валенсија ги забележа во дуелите си Лас Палмас, Еибар, Бетис и Атлетик Билбао, беа јасен сигнал за челниците на клубот од „Местаља“, да му врачат отказ на тренерот Ајестаран.

Овој стратег кој кариерата ја започнал како асистент на Рафа Бенитез во Ливерпул, на клупата на Валенсија седна во март годинава, кога го наследи Гери Невил.

Одредени медиуми во Шпанија шпекулираат дека еден од кандидатите за тренерската позиција во Валенсија е поранешниот тренер на Интер, Роберто Манчини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП