20 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОДортмунд го декласира Волфсбург

Дортмунд го декласира Волфсбург

дортмунд

Фудбалерите на Борусија Дортмунд забележаа нова убедлива победа во Бундеслигата, откако во Волфсбург славеа со 5-1. Со оваа победа Борусија барем на 24 часа се искачи на врвот во Бундеслигата.

Борусија Дортмунд, во период од една недела, одигра три натпревари (два во првенството и еден во Лигата на шампионите), а нејзините фудбалери постигнаа 17 голови.

Во ЛШ славеа кај Легија со 6-0, потоа со ист резултат го победија Дармштад, а во вторникот во четвртото коло го декласираа и Волфсбург со 5-1.

Серијата голови ја отвори Гереиро, потоа погоди Обамејанг, па домаќинот намали на 1-2 преку Дидави, а Обамејнаг со својот втор гол, односно Дембеле и Пишчек ја режираа катастрофата на Волфсбург.

На другите натпревари Дармштат освои бод против Хофенхајм во 92-та минута со голот на Олињик, Крамариќ беше стрелец за Хофенхајм, Фрајбург со голот на Петерсен го победи ХСВ, а Инголштат загуби 0-2 од Ајнтрахт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП