28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар го прегази Татран Прешов

Вардар го прегази Татран Прешов

vardar-rakometari

Нова убедлива победа забележаа ракометарите на Вардар во СЕХА лигата. Во вторникот, „црвено-црните“ го совладаа Татран Прешов 38-21 (20:13).

Вардар во изминатите сезони во дуелите со Татран се соочуваше со силен отпор на противникот, но во вторникот словачкиот шампион налета на гранитната вардарова одбрана и голманот Милиќ.

Рамноправен меч имаше само 16 минути, кога Вардар имаше три гола предност (11-8), потоа играчите на македонскиот првак со серија од четири гола се одлепија на 15-8, а седум плус Вардар имаше и на полувреме.

Една нова серија, од 33-та до 40-та минута, ја најави катастрофата на Татран. Пет гола во низа за 27-15, а потоа предноста на избраниците на Раул Гонзалес константно растеше, 29-16 во 43-та, 31-17во 48-та, 36-20 во 56-та, за конечни 38-21.

Вардар со оваа победа, четврта во петте одиграни натпревари во СЕХА конкуренцијата се зацврсти на челнатат позиција и воедно направи добра увертира пред прдвиот меч во Лигата на шампионите, в недела кај Кристијанштад.

Душебаев со шест и Деревен со пет гола беа најефикасни, а на голот блескаше Милиќ со 16 интервенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП