21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОГвардиола: Туре да се извини инаку нема да игра

Гвардиола: Туре да се извини инаку нема да игра

gvardi-ture

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, нема намера во тимот да го врати Јаја Туре, сé додека од фудбалерот не добие извинување.

Шпанскиот тренер Гвардиола бара Туре да им се извини на клубот и навивачите поради изјавите на неговиот менаџер Димитри Селук.

Селук, меѓу другото, изјавуваше дека Гвардиола го понижувал неговиот клиент.

„Тој мора да се извини, доколку не го стори, тој нема да игра. Ако има некаков проблем, треба да му се обрати на клубот“, рекол Гвардиола.

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити не го пријави Јаја Туре за настапите во Лигата на шампионите, иако во последните три сезони тој беше клучниот играч на „граѓаните“.

Тој потврдил дека, по проблемите со мигрената, Туре во понеделникот се вратил на тренинзите, но дека во периодот додека не тренирал немал храброст да му се јави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП