3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлубовите во Шпанија должат данок од 670 милиони евра

Клубовите во Шпанија должат данок од 670 милиони евра

Print

Шпанските фудбалски клубови и должат на владата во име на данок 670 милиони евра, соопшти  Спортскиот Совет.

Претседателот на Советот, Мигел Карденал изјавил дека станува збор за помала сума отколку во 2012-та година, кога клубовите од една од најсилните лиги во светот поради неплатени даноци должеа 750 милиони евра.

Европската фудбалска федерација (UEFA) и забрани на Малага една сезона да учествува во европските натпреварувања поради тоа што на им исплатила навреме плати на играчите, но и поради тоа што не го платиле данокот кон државата. Ова е последица на напорите на европската куќа на фудбалот да ги принуди клубовите да ги средат своите финансии.

Големите долгови во последните неколку години ги принудија шпанските клубови да бараат заштита од банкрот.

Последниот од нив е Депортиво Ла Коруња кои во јануари побараат помош се со цел клубот да не замре.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП