18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ7 нови модели од Alfa Romeo во следните 3 години

7 нови модели од Alfa Romeo во следните 3 години

sedum novi 03

По новата „Giulia“ ќе видиме цели 7 нови модели на „Alfa Romeo“. Оживување на брендот вклучува два теренеци и две специјални машини кои ќе бидат претставени во следните 3 години.

Идниот спектар на италијанската марка го откри изданието „Auto Pareri“ кое објави слајд од презентацијата на „Alfa Romeo“. На него се гледаат како сегашните предлози на производителот, така и идните кои ќе дебитираат до 2020-та година.

sedum novi 00

Како што се гледа од сликата, најнапред на пазарот ќе се појави SUV со средни димензии. Тоа е моделот „Stelvio“, чија премиера треба да се случи уште овој месец на саемот во Париз.

Следните модели ќе се појават во периодот 2017-2020 година. Може да се забележи голем седан, две „SUV“ возила – најверојатно кои ќе се најдат во палетата под и над „Stelvio“, хечбек со големина на „VW Golf“ и две специјални машини. За последните се тврди дека ќе претставуваат нови верзии на спортскиот автомобил „4C“.

sedum novi 01

Повеќето од наведените модели ќе ја користат платформата за автомобили со заден пренос на производителот, која дебитираше со „Giulia“.

„Auto Pareri“ исто така, открива дека новите модели на „Alfa Romeo“ се развиваат најмногу за пазарите на Европа и Северна Америка, но во подоцнежна фаза ќе бидат предложени во Азија, Африка и Јужна Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП