5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАндреа Лекиќ го оперираше менискусот на коленото

Андреа Лекиќ го оперираше менискусот на коленото

андреа00

Ракометарката на Вардар, Андреа Лекиќ, во понеделникот, имала успешна операција на менискуот на левото колено.

Операцијата минала во најдобар ред и сега претстои периодот на рехабилитација. Се работи за хируршки зафат кој би требало да ја одвои од натпреварите во период од четири до шест недели.

При првата контрола ќе се има увид во текот на рехабилитацијата и кога би можела да почне со полесни тренинзи.

Лекиќ ќе го пропушти почетокот на новата сезона во Лигата на шампионките, односно првите два меча кои Вардар ќе ги одигра против Ференцварош (14.октомври во Скопје) и Лајпциг (21.октомври во Лајпциг).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП