12 февруари, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОваа фотографија никако не смеете да ја поставите на Фејсбук

Оваа фотографија никако не смеете да ја поставите на Фејсбук

181158853157de3bfbe6a2e551282115_wide

Широко е познат фактот кој стана правило: никогаш не ја поставувајте вашата адреса на социјалните мрежи. Денес постои и ново правило – а тоа е дека не смеете да поставувате ниту фотографии од вашиот авионски билет и пасош на интернет.

Причината за тоа е дводимензионалниот QR баркод кој се наоѓа на вашиот авионски билет и кој може да се искористи за разни измами.

Стив Ху од интернет страната iflyflat.com.au. сакал да види колку точно информации може да собере од личноста користејќи детали од неговиот авионски билет – а резултатот бил застрашувачки.

– Лични податоци на патникот, вклучувајќи го и името.

– Турите на патување – каде патувал, каде ќе патува и кога

– Бројот на седиште

– Детали за летот

– Вкупните трошоци за картата

– Датум кога е купена картата

– Последните четири цифри од банкарската картичка со која е купена картата

Меѓутоа, што доколку сакате да се пофалите со тоа дека одите на одмор и сакате да поставите само дел од фотографијата од патниот билет? И тогаш одговорот е НЕ.

Ху го проверил и тоа па пронашол дел од фотографија од билет на социјалните мрежи на која се гледал само мал дел од баркодот. Не само што тој врз основа на тоа можел да добие информации за патникот, туку постојат и компјутери и други уреди кои можат да прочитаат лесно и подетални информации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП