11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал го израмни рекордот на Барселона

Реал го израмни рекордот на Барселона

реал-меал

Фудбалерите на Реал Мадрид се единствените во Примера кои по четири одиграни натпревари имаат максимален учинок. Покрај Реал, без пораз по воведните четири кола се и Атлетико, Севилја и Виљареал.

Реал, со просечна игра, без Роналдо и Бејл, победи во Барселона кај Еспањол со 2-0. Домаќинот во текот на првото полувреме беше и повеќе од рамноправен ривал, а Лео Батистао во 11.минута не успеа да го совлада Кико Касиља од идеална позиција.

Казната домаќинот го стигна во втората минута од судиското надополнување на времето во првиот дел, кога Хамес Родригез од 20 метри го совлада Диего Лопез.

Во вториот дел, Лопез го одбрани ударот на Бензема во 57.минута, но напаѓачот на Реал беше прецизен во 71.минута, по додавањето на Асенсио и ги постави конечните 2-0.

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан, со оваа победа го израмни рекордот на Барселона со Пеп Гвардиола, од 16 последовни победи во првенството.

Во наредното коло, кое на програмата е од вторник до четврток, Реал ќе го пречека Виљареал, дуелот се игра в среда од 20 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП