28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеталург убедлив против Татран Прешов

Металург убедлив против Татран Прешов

металург-татран

Ракометарите на Мателург ја забелажаа првата победа во СЕХА лигата, откако во Скопје славеа против Татран Прешов со 27-21 (14-9).

Металург конечно ја запиша првата победа во новата сезона, по трите минимални порази (Вардар, Мешков Брест и Веспрем), тимот на Лино Червар со убедлива игра во речиси целиот меч го победи Татаран и си направи убава увертира за стартото во Лигата на шампионите.

Македонскиот вицепрвак добро влезе во натпреварот, концентрирано, мотивирано и ефикасно. Првото отворање беше со 4-0, потоа со 6-2 и 9-3 и предност од пет гола по првиот дел 14-9.

Слично започна и второто полувреме се до 19-11, кога металурзите зачестија со технички грешки, му дозволија на Татран да се доближи на три гола, но потоа повоторно го кренаа нивото на својата игра и рутински го завршија натпреварот со конечни 27-21.

„Заслужено победивме. Одлично влеговме во натпреварот, постигнувавме лесни голови и успеавме да создадеме голема предност. Со неколку непромислени грешки му дозволивмке на Татран да се доближи. Знаеме дека пред нас е уште многу работа“, рече Лино Червар по мечот.

Талески со седум голови и голманот Арсиќ со 13 интервенции беа најдобри во составот на Металург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП