17 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнтер победи во Дербито на Италија

Интер победи во Дербито на Италија

интерос

Интер го победи Јувентус со 2-1 во „Дербито на Италија“, одиграно во четвртото коло, во Серија А. Домаќинот во 230-от меѓусебен дуел ја забележа 71-та победа со која најавува подобри изданија во продолжение на сезоната.

Интер одигра добар натпревар, покажа желба за надигрување, додека впечаток е дека Јувентус го потцени противникот.

Иако Интер беше подобар имаше и мала иницијатива, сепак Јуве го постигна првиот гол на натпреварот. Во 66-та минута, Лихштајнер го искористи центаршутот на Алекс Сандро.

Сепак Интер веднаш возврати, најпрвин Икарди одлично скокна на нафрлената топка од страна Евер Банега, а потоа Аргентинецот му асистираше на Перишиќ, кој во 80-та минута ги постави конечните 2-1.

Јувентус по првиот сезонски пораз челната позиција му ја препушти на Наполи кој има десет бодови, еден повеќе од „старата дама“, додека Интер со седум бодови се наоѓа во групата на тимови кои се наоѓаат од третата до шестата позиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП