12 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОАргентина и Хрватска во финалето на Девис купот

Аргентина и Хрватска во финалето на Девис купот

аргентина----

Тениските репрезентации на Аргентина и Хрватска ќе играат во финалето на Девис купот. Аргентина, во Лондон, славеше против бранителот на трофејот Велика Британија со 3-2, а со идентичен резултат Хрватска, во Задар, ја победи Франција.

Велика Британија против Аргентина во последните два меча влезе со негатива 1-2. Најпрвин Енди Мари очекувано славеше со максимален резултат во мечот со Едуардо Пеља и израмни на 2-2.

Решавачкиот поен на Аргентина и го донесе Леонардо Мајер, кој настапи на местото на Дел Порто. Аргентинскиот селектор реши Дел Порто да остане на клупата, бидејќи во првите два дена мина повеќе од осум часа на теренот и погоди со замената.

Мајер, 114-ти на АТП листата го победи Дан Еванс во четири сета 4-6, 6-3, 6-2, 6-4.

Хрватите во последниот ден влегоа со предност од 2-1 против Франција, а решавачкиот поен го обезбеди Марин Чилиќ со лесна победа од 3-0 над Ришар Гаске. Последниот меч кој беше само формалност го одиграа Марин Драгања и Лукас Пуи, победи францускиот тенисер со 6-4, 6-4.

Хрватска има еден триумф во Девис купот во 2005 година, додека Аргентинците немаат трофеј во ова натпреварување иако четири пати играле во финалето (1981, 2006, 2008, 2011).

Финалниот меч ќе се игра од 25 до 27 ноември, а домаќин ќе бид Хрватска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП