2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМинималец на Вардар во градското дерби

Минималец на Вардар во градското дерби

mini-vardar

Вардар минимално го совлада Работнички во дерби мечот одигран во рамките на шестото коло во Првата македонска фудбалска лига. Неделните натпревари беа сиромашни со голови, на четири одиграни средби беа постигнати исто толку погодоци.

Фудбалерите на Вардар се зацврстија на првата позиција во првенството, тие во шестата рунда минимално го победија градскиот ривал Работнички. Николов го постигна единствениот гол на натпреварот во 28-та минута.

Голови имаше уште на натпреварот Шкендија-Македонија ЃП, кој заврши 3-0. Хасани постигна два гола, а сопствената мрежа ја погоди Џангаровски.

Без голови завршија натпреварите Победа-Брегалница и Силекс-Ренова. Во саботатаШкупи го победи Пелситер 2-1.

Табела: 1. Вардар 16, 2. Работнички 12, 3. Пелистер 10, 4. Шкендија 9 (-1), 5. Ренова 9, 6. Силекс 8, 7. Шкупи 5 (-1), 8. Победа 4, 9. Брегалница 3, 10. Македонија ЃП 2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП