30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВотфорд го совлада Јунајтед, Мурињо веднаш го најде виновникот (видео)

Вотфорд го совлада Јунајтед, Мурињо веднаш го најде виновникот (видео)

јунајтед

Фудбалерите на Вотфорд забележаа голма победа во рамките на петтото премиерлигашко коло, откако на „Викариџ Роуд“, го совладаа Манчестер Јунајтед со 3-1.

Колумбиецот Зунига ја круниса добрата игра на Вотфорд во текот на целиот меч, бидејќи за само 15-тина минути, колку што мина на теренот, постигна гол и избори пенал.

Вотфорд првиот гол го постигна во 34-та минута, кога Капуе го совлада Де Хеа, по еден час игра израмни Рашфорд, а потоа Зунига во првиот контакт со топката, во 83-та минута ја врати предноста на домаќинот.

Истиот играч беше соборен од Фелаини во шеснаесетникот на Јунајтед во 94-та минута, а Дини го реализираше пеналот.

Јунајтед на Жозе Мурињо го забележа третиот пораз за само осум дена: Манчестер Сити минатата сабота славеше со 2-1 во Премиерлигата, а во четвртокот Феенорд го победи Јунајтед со 1-0 во Лига Европа.

Инаку Вотофорд по пауза од 30 години успеа да слави над Манчестер Јунајтед.

„Три фактори влијаеа врз овој натпревар, а само еден од нив може да биде исправен во наредниот период. Првиот се однесува на нас, на нашите индивидуални и тимски грешки. Тоа е во наши раце. Вториот е судијата, ние не можеме да влијаеме врз грешките кои ги прави. Сите зборуваат за резултатот, а не за комичната ситуаија кога го примивме првиот гол. Третиот фактор е среќата, ние на овој меч ја немавме. Бевме подобар тим, а загубивме. Гомеш фантастично го одбрани ударот со глава на Ибрахимовиќ“, рекол Мурињо, заборавајќи да спомене дека во првиот дел при 0-0, де Хеа имаше слична интервенција при ободот со глава на Дини.

Манчестер Јунајтед серијата од три порази ќе се обиде да ја прекине в среда, кога во Лига купот ќе му гостува на Нотремптон, а во Премиерлигата наредната сабота ќе го пречека шампионот Лестер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП