10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХамилтон: Надоместив 43 бодови, овие осум не се многу

Хамилтон: Надоместив 43 бодови, овие осум не се многу

Image (18)

Луис Хамилтон е задволен со освоеното трето место на трката за Големата награда на Сингапур. Британецот имаше проблеми со болидот уште во квалификациите, а на самата трка водеше голема борба за третото место со Кими Раиконен.

Луис Хамилтон на последните три трки нема победа во првенството на Формула1, поради што водечката позиција во генералниот пласман му ја препушти на тимскиот колега Нико Розберг.

„Борбата за титулата е различна од онаа која ја водевме минатата година, но со оглед на тоа што се случуваше ова е добро. Најпрвин успеав да надополнам негатива од 43 бода, сега заостанувам осум бодови што и не е многу. Очекувам дека Нико ќе продолжи во овој ритам, јас ќе мора да го следам тоа“, рекоол Хамилтон по тркатата.

Инаку двајцата возачи на Мерцедес во финишот на трката имале проблеми со сопирачките, но успеаја да ги задржат своите позиции.

Шампионатот на Формула 1 продолжува на 2.октомври со трката за Големата награда на Малезија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП