3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРозберг победи во Сингапур

Розберг победи во Сингапур

rozberg-niko

Возачот на Мерцедес, Нико Розберг, ја забележа осмата сезонска победа, откако триумфираше на трката за Големата награда на Сингапур.

Розберг до победата на патеката „Марина Беј“ стигна иако направи голема грешка во 13-от круг кога го промаши влезот во боксот. Исто така Розберг успеа на меките пневматици да ги издржи нападите на Рикардо во последните десет кругови.

Германецот со оваа победа повотрно се врати на челната позиција во генерланиот пласман. Тој има осум бодови повеќе од актуелниот шампион Луис Хамилтон.

Британецот ја доби тактичкатат војна со Кими Раиконен и на крајот ја освои третата позиција пред возачот на Ферари.

Петтото место му припадна на СебастијанФетел, кој тркатат ја стартуваше од последнатта позиција.

Бодови во Сингапур уште освоија Ферстапен, Алонсо, Перез, Квјат и Магнусен.

Наредната трка во првенството ма Формула 1 ќе се вози на 2.октомври во Малезија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП