29 март, 2024
ПочетнаНЕ ПРОПУШТАЈТЕПотполно нов концепт на HTC Android телефоните

Потполно нов концепт на HTC Android телефоните

htc

HTC Legend 5 е новиот моќен смартфон…

Сега е време за вистинскиот и достоен наследник на тронот. Се одликува со издолжен дизајн, капацитивни тастери и HTC Sense 5.0, HTC Legend5 е Full HD смартфон од 5 инчи со S LCD 3 дисплеј и Nvidia Tegra процесор кој работи на 1.9 GHz. Исто така, тука е и батерија од 4000 mAh, уред кој поддржува Beats Audio Streaming, HTC Messаnger, HTC Quick Actions, во него можете и да додавате свои белешки, слики, музика која ја слушате и места на кои сте биле или пак кои сакате да ги посетите.

Овој HTC концепт работи со Android 4.2.1 со HTC Sense 5.0, кој вклучува интерактивен заклучен екран, полн со виџети и слични елементи. На задната страна се наоѓа камера од 13 мегапиксели, а напред сензор од 2.9 мегапиксели со Full HD capture.

Овој концепт на екран на заклучување е чист и јасен, каков што би бил и самиот HTC Sense 5.0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП