6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХакерите објавија нови податоци од базата на WADA за допинг на спортисти

Хакерите објавија нови податоци од базата на WADA за допинг на спортисти

bears335

Хакерите од групата којашто се нарекува Fancy Bears на својата страница објавија трет дел од документите од базата на податоци на Светската анти-допинг агенција (WADA), во која има единаесет спортисти од пет земји, а од нив девет се носители на медали на летово одржаните Олимписки игри во Рио де Жанеиро.

Во третиот дел од документот фигурираат имињата на четворица британски спортисти, боксерот Никола Адамс, кој освои злато во Рио, велосипедистката Лора Трот која освои две злата во велосипедизма, пливачот Шивон-Мари О’Конор, кој освои сребро на 200 метро мешано, како и со сопственичката на сребрениот медал во веслање Оливија Карнеги-Браун.

Во списокот се нотирани и тројца австралиски спортисти: златната медалистка во веслање Ким Брена, сребрениот во истиот спорт Александр Белоногов и велосипедистот, кој е носител на сребрен медал во тимско возење.

Меѓу другите спортисти на кои WADA им го простила допингот се и данската пливачка Џанет Отесен, шпанската пливачка Миреја Белмонте Гарсија, германската тенисерка Лаура Зигемунд и германскиот стрелец Јулијан Јуст.

Според објавените документи, единаесетте спортисти биле терапевтски ослободени од употребата забранети супстанции.

Претходно Fancy Bears објави документи од упадот во базата на WADA, во кои се наведува дека агенцијата донела одлука да им дозволи на американските олимписки шампиони да замаат забранети препарати, од кои поголемиот дел се сметаат за наркотички.

На 15-ти септември хакерите го објавија вториот дел од списокот, на кој се 25 други спортисти, меѓу кои и олимпискиот вицешампион од Рио, рускиот боксер Миша Алојан.

Од WADA потврдија дека хакерската група го нападнала нивниот компјутерски систем и во петокот објави дека работи со меѓународните организации за заштита на својот систем ADAMS.

Руската хакерска група која се бори за фер-плеј во спортот, соопшти дека бројни американски спортисти, меѓу кои сестрите Серена и Венус Вилијамс и гимнастичарката Симон Бајлс, биле позитивни на допинг, но дека не биле санкционирани и дека продолжиле да се натпреваруваат.

Групата влегла во фајловите каде се податоците на спортистите, каде се и нивните доверливи медицински досиеја. Тие податоци се однесуваат на спортистите кои настапија на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Групата Fancy Bears, на јавноста ѝ се претстави во вторникот, кога објави дека ќе се бори за фер-плеј во спортот и дека документите за сестрите Вилијамс и Симон Бајлс се првите од многуте кои ќе бидат објавени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП