5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул победи на „Стенфорд Бриџ“

Ливерпул победи на „Стенфорд Бриџ“

liverpulos

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Челзи на „Стенфорд Бриџ“ во воведниот натпревар од петтото коло во Премиерлигата. Двата тима по пет кола имаат по три победи и по едно реми и пораз. Дуелот во Лондон беше 166-та пресметка на двата тима, а Ливерпул води во победи 71-57.

Ливерпул до триумфот стигна благодарение на одличното прво полувреме, во кое ја контролираше играта, неговите играчи доминираа на средината и постигнаа два гола.

Тимот на Јирген Клоп првиот гол го постигна во 17-та минута, кога Ловрен по центаршутот на Кутињо остана сам на втората статива и рутински го погоди подалечниот агол.

Голот можеби е нерегуларен бидејќи во моментот на центаршутот Мане беше во офсајд, а во продолжение на акцијата тој ја активираше својата позиција.

Дваесет минути подоцна Хендерсон го постигна најубавиот гол во досегашниот дел од сезоната. Кејхил отстрани една топка од сопствениот шеснаесетник, таа стигна до капитенот на Ливерпул, кој од 30-тина метри го погоди местото каде се спојуваат гредата и дирекот.

Вториот дел му припадна на Челзи, но доминацијата „сините“ не успеаја да ја претворат во израмнување.

Коста израмни по еден час игра, по одличната кација на Матиќ, а Шпанецот две минути подоцна сам сис создаде позиција но шутираше право во Мињоле.

Последната шанса на мечот ја имаше Ориги, но ударот со глава на напаѓачот на Ливерпул на волшебен начин го одбрани Куртоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП