19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКошаркарите во Унгарија, Тревис на одмор во САД

Кошаркарите во Унгарија, Тревис на одмор во САД

без-тревис

Македонската кошаркарска репрезентација без натурализираниот Ромео Тревис ќе го одигра последниот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство. Македонија, в сабота, ќе гостува во Унгарија ќе селекцијата која обезбеди пласман на Евробаскетот наредната година.

Ромео Тревис, најавен како големо засилување за националниот тим, не успеа да направи разлика во играта под обрачите.

Американецот, побарал од селекторот Драган Раца да биде ослободен од обврските за последниот меч, бидејќи сакал да го види семејството во САД, пред да му се приклучи на италијански Канту чии дрес ќе го носи во престојаната клупска сезона.

Тревис на петте натпревари кои ги одигра во „црвено-жолтиот“ дрес во просек имаше учинок од 10,8 поени, 7 скокови и 3,2 асистенции.

Останува нејасно зошто селекторот му дозволи на Тревис да замине, бидејќи иако Македонија ги загуби шансите за пласман на Европското првенство, натпреварот во Унгарија е исклучително значаен од причина што постојат комбинации кои во случај на пораз репрезентацијата би ја вратиле во Б дивизијата.

Дуелот помеѓу Унгарија и Македонија, в сабота ќе се одигра во Солнок со почеток од 16:30 часот.

Во досегашните пет средби Македонија запиша две победи против Луксембург ( 89-75 и 82-74) и три порази од Велика Британија (96-79 и 89-62) и Унгарија (76-66).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП