2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи го сака Мурињо, но и Пелегрини

Челзи го сака Мурињо, но и Пелегрини

Pellegrini-Mourinho-destacado

Повеќе нема дилеми, Роман Абрамовиќ вниманието го насочи на две имиња како потенцијални наследници на Рафа Бенитез.

Шпанецот на крајот од сезоната ќе ја напушти екипата, поради тоа што сопственикот сака да започне нов циклус и својот клуб да го врати на врвот во Англија и Европа.

За таа цел прва желба му е Жозе Мурињо, a „специјалниот“ и натаму има специјално место во својот поранешен клуб.

Проблемот со кој се соочува Абрамовиќ не е од финансиска природа, туку се коси со неговиот карактер и принципи.

Мурињо ги напушти „сините“ токму поради расколот со Роман кој му се „мешаше“ во спортскиот сектор во водењето на клубот.

Португалецот како прв услов кој му го постави на својот поранешен „газда“ за враќање на „Стемфорд Бриџ“ беше комплетната слобода кога станува збор за формирање на екипата и доведувањето на играчи. Но останува да се види дали Абрамовиќ може против себеси и големите побарувања.

Второто име кое влезе во потесниот избор за клупата на Челзи е Мануел Пелегрини, одличниот тренер на Малага.

Шпанскиот тим има големи финансиски проблеми и токму тие се главната причина поради кои Пелегрини би можел да си замине на крајот од сезоната, иако самиот тој истакна дека би сакал во Малага да се пензионира.

Сепак поради лошата економска ситуација, челниците на Малага изгледа ќе мораат да превземат радикални мерки. Продажбата на тренерот, но и на најдобрите играчи се неминовни, особено ако се земе во предви европската забрана која е наменета на овој клуб.

Па поради тоа медиумите во Англија на големо шпекулирааат дека разговорите меѓу Челзи и Пелегрини веќе се започнати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП