26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПораз на одбојкарите од Романија

Пораз на одбојкарите од Романија

odbojkari-poraz

Одбојкарската репрезентација на Македонија со пораз стартуваше во квалификациите за пласман на Европското првенство. На турнирот во Крајова, во рамките на Ф групата одбојкарите загубија од Романија.

Македонските одбојкари, на домаќинот на турнирот Романија му се спротивставија само во првиот сет, во останатите два беа неубедливи поради што и забележаа максимален пораз.

Првиот сет Ромаците го добија со 25-21, а потоа доминираа во наредните два 25-14 и 25-12.

Во вториот меч од групата Чешка ја победи Естонија со 3-0 (25-20, 25-19, 25-14).

Второто коло на програмата е в петок, а Македонија од 17 часот ќе игра против Чешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП