18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСикора го постигна најбрзиот гол во Лига Европа

Сикора го постигна најбрзиот гол во Лига Европа

sikora-gol

Фудбалерот на чешката екипа Слован Либерец, Јан Сикора, го постигна најбрзиот гол во историјата на Европската лига, откако во Баку против азербејџанскиот тим Карабаг постигна гол по 12 секунди игра.

Рекордот до сега го држеше напаѓачот на Севиља, Витоло, кој пред минатата сезона против Виљареал погоди во 13 секунда од мечот.

Двобојот меѓу Карабаг и Слован во групата Ј беше и првиот воопшто во натпреварите по групи оваа сезона, а мечот заврши со резултат 2:2.

За Либерец гол постигна и поранешниот напаѓач на Ливерпул и на чешката репрезентација Милан Барош(34), кому ова му е прв европски гол по шест години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП