28 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛига на шампиони: Киев домаќин на финалето во 2018-та

Лига на шампиони: Киев домаќин на финалето во 2018-та

ol stadion kiev 3

Финалниот натпревар во Лигата на шампионите во 2018-та година, ќе се одигра на Олимпискиот стадион во Киев, објави Фудбалската федерација на Украина на својата интернет страница.

Првиот човек на украинкската Федерација, Андреј Павленко, истакнал дека информацијата официјално ќе биде објавена по завршувањето на состанокот на УЕФА, кој се одржува во Атина.

Олимпискиот стадион во Киев има капацитет од 70.000 места, а во 2012 година на неговиот тревник се одигра финалниот натпревар на Европското првенство (Шпанија-Италија 4-0).

Интересно, финалето во Киев ќе биде одиграно непосрдедно пред почетокот на Светското првенство во Русија.

Исто така, УЕФА донела одлука финалето на Суперкупот во 2018-та година да биде одиграно во Естонија, односно во престолнината Талин. За таа прилика во реновирање на стадинот Лилекула Арена ќе бидат вложени пет милиони евра, а капацитетот ќе изнесува 15.000 места.

Стадионот во Талин ќе биде најмалиот спортски објект во историјата на кој се играл Суперкупот.

Домаќин на финалето во Лига Европа во 2018-та година дополнително ќе биде одреден.

Инаку, финалето во Лигата на шампионите во 2017-та година ќе се одигра на Милениум стадионот во Кардиф, а Суперкупот ќе се игра на арената „Филип Втори“ во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП