28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНаковска-Бикова четврта во дисциплината 50 м. воздушен пиштол

Наковска-Бикова четврта во дисциплината 50 м. воздушен пиштол

бикова-пука

Македонските параолимпијци Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов го завршија своето учество на Параолимписките игри ви Рио де Жанеиро. Наковска-Бикова го освои четвртото во дисциплината 50 метри воздушен пиштол.

Без освоен медал, единствените двајца македонски претсавници на Параолимписките игри, Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов ги завршија своите настапи.

Наковска-Бикова во дисциплината 50 метри воздушен пиштол го освои четвртото место со погодени 138,1 кругови.

„Стрелците дадоа се од себе. Во текот на целиот натпревар им сугерирав на стрелците на што да обрнат внимание за време на изведбата. Ванчо релативно доцна успеа да го исконтролира настапот и не успеа да постигне подобар резултат, кој со својот квалитет реално и го заслужува. Оливера, иако не го стрелаше својот најдобар резултат од квалификациите, успеа да се избори за финале. Борбата траеше буквално до последниот 60-ти истрел во квалификациите. Во финалето се стрелаат дополнителни истрели и сите стартуваат од нула. Оливера максимално се трудеше да се држи до договорената стратегија, меѓутоа како и во воздушниот пиштол каде што имаше два несреќни погодоци кои ја спуштија од второ на седмото место, овде во почетокот стрелаше постабилно и до самиот крај беше на разлика од 1,8-3 круга до бронзениот медал. Во четиринаесеттиот истрел погоди седумка и се оддалечи од третопласираниот на пет кругови, разлика која не успеа да ја надополни. Стрелаше во конкуренција на 34 најдобри стрелци на планетава во овој момент и „машки“ се избори за финале и висок пласман“, истакна тренерот на параолимпијците Бранимир Јовановски.

Во претходните настапи Наковска-Бикова го освои седмото, а Каранфилов не влезе во финалето и го освои 16-то место во дисциплината воздушен пиштол. Потоа во дисциплината Спорт пиштол 25 метри, Наковска-Бикова заврши на 14-то, а Каранфилов на 24-то место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП