3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИPokemon GO пристигнува и на паметните часовници

Pokemon GO пристигнува и на паметните часовници

go poke333

За време на конференцијата на „Apple“ која беше одржана минатата недела, „Niantic“ најави дека играта „Pokemon GO“ ќе пристигне и на паметниот часовник „Apple Watch“. Не беше прецизирано точното време, но изгледаше како дека ќе биде ексклузива за „Apple Watch“.

Сепак, сега новите информации ни покажуваат дека играта ќе биде достапна и за моделите со платформата „Android Wear“. Директорот на тимот „Niantic“, Џон Ханке за време на конференцијата на „TechCrunch“ – „Disrupt“ говореше за доаѓањето на играта на паметните часовници, а кога беше запрашан за можноста за појавување и на моделите со „Android Wear“, тој одговори кратко дека е тоа многу веројатно.

Според Ханке, целата мисија на „Niantic“ е да го промени концептот за играње надвор на игрите во реалниот свет. Тој додаде дека „Apple Watch“ го смета за одличен уред за такво нешто, но и дека ќе биде додадена поддршка и за други уреди.

Но сепак немаме конкретна дата кога „Pokemon GO“ би можел да пристигне на оперативниот систем „Android Wear“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП