2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПријави се и претставувај ја Македонија на Светскиот куп во Шангај

Пријави се и претставувај ја Македонија на Светскиот куп во Шангај

slika bowling za mediumi

Денес (14.09.2016) стартува пријавувањето за квалификациониот турнир во боулинг за избор на преставник на Македонија на 52-риот QubicaAMF Bowling World Cup, што оваа година ќе се одржи во Шангај (Кина) во периодот од 14-23 Октомври.

Самите квалификации, втора година по ред се во организација на клубот „БО БОУЛИНГ“ (Bo Bowling), а локацијата на одржување како и минатата година е Скопје Сити Мол и ќе се одржат во периодот од 29-ти Септември до 01-ви Октомври 2016-та.

Токму најголемиот клуб во државата, „Bо Bowling“, во соработка со „Туркиш Аирлајнс“ се покровители на патувањето на македонскиот национален тим на светскиот куп во Кина. На победникот на финалниот турнир, кој е закажан на 1-ви Октомври, ќе му биде обезбедено патувањето, сместувањето, како и котизација за учество на Светскиот Куп во Шангај.

На квалификацискиот турнир кој е од аматерски карактер учество може да земе секој граѓанин на Р.Македонија без разлика на своето претходно искуство со практикување на боулинг.

Пријавувањето за турнирските кавалификации се врши преку пополнување на формуларот на самото место на одржување на квалификациите, клубот „БО БОУЛИНГ“ (Bo Bowling) во Скопје Сити Мол, најдоцна до 28-ми Септември.

Повеќе информации за пријавувањето и одржувањето на квалификацискиот турнир на телефонскиот број + 389 78 500-035.

Пријави се и облечи го дресот со националниот грб на светскиот куп во боулинг во Кина!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП