2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСловенецот Чеферин нов претседател на УЕФА

Словенецот Чеферин нов претседател на УЕФА

nov uefa 333

Досегашниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Словенија, Александар Чеферин, денеска на конгресот во Атина е избран за нов претседател на Европската фудбалска унија (УЕФА).

Александар Чеферин има 49 години, по занимање е правник, а на чело на Фудбалскиот сојуз на Словенија е од 2011 година. Чеферин добил 42 гласа од 55-те претседатели на европските национални сојузи.

Во фудбалскиот свет првпат влегол во 2005 година како член на Управниот одбор на футсал клубот Свеа Лесна Литија, а една година подоцна станал и член на управата на фудбалскиот клуб Олимпија од Љубљана.

Кога застанал на чело на ФС на Словенија најмногу се залагал за развојот на младинските школи и локалните клубови и за нивна потесна соработка со Сојузот.

Минатата година е реизбран за претседател и доби нов четиригодишен мандат, а за време на кандидатурата за претседател на УЕФА ја искажа желбата за покренување регионална лига.

Чеферин на функцијата го наследи Мишел Платини, кој во октомври 2015 година, поради корупција беше сменет од претседателската функција.

Словенецот на изборите го победи Холанѓанецот Михаел ван Праг, кој му беше единствениот противкандидат, откако минатата недела од трката се повлече Шпанецот Анхел Марија Виљар.

Леферин на функцијата ќе биде до март 2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП