3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСега и кралското семејство ќе може да проба Македонски ајвар

Сега и кралското семејство ќе може да проба Македонски ајвар

ggg

Македонскиот бренд МАМА’С почна да се продава во Fortnum & Mason, најлуксузната продавница во светот која постои од 1707.

Продавницата е позната и по тоа што од неа се снабдува со намирници Британското кралското семејство.

“Прекрасно е чувството твојот производ да се најде на полиците на една престижна продавница како што е Fortnum & Mason. Ние сме првиот Македонски бренд што успеал да се најде на нивната листа. Тоа е потврда дека нашите производи имаат квалитет кој може да ги задоволи и вкусовите на најпребирливите, “пош” Англичани“- изјави бренд менаџерот на МАМА’С, Калин Бабушку.

Fortnum & Mason е луксузна приватна продавница која постои од почетокот на осумнаесеттиот век, позната по големиот избор на гурмански производи, меѓу кои и чај и производи за благородниците.

Се наоѓа на улицата Пикадили, во Лондон, со неколку подружници во Лондон, Дубаи и Америка.

Покрај Велика Британија, МАМА’С е присутен и на пазарот во Русија, Скандинавските земји, Америка, Австралија, Коста Рика, Дубаи, Макао и Хонгконг, Јапонија, Катар, Германија, Франција, Белгија, Канада, Словачка, Унгарија, Холандија, Швајцарија, како и во Балканските држави.

aad

aab

aaa

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП