5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОWADA го потврди хакерскиот напад

WADA го потврди хакерскиот напад

wada33435

Светската анти-допинг агенција (WADA) потврди дека руска хакерска група го нападнала нивниот компјутерски систем и дека групата се нарекува „Fancy Bears“.

Руската хакерска група која се бори за фер плеј во спортот, соопшти дека бројни американски спортисти, меѓу кои сестрите Серена и Венус Вилијамс и гимнастичарката Симон Бајлс, биле позитивни на допинг, но дека не биле санкционирани и дека продолжиле да се натпреваруваат.

„Групата влегла во фајловите каде се податоците на спортистите, каде се и нивните доверливи медицински досиеја. Тие податоци се однесуваат на спортистите кои настапија на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Некои податоци се објавени во јавноста, но се заканија дека ќе бидат објавени и други податоци“, соопшти WADA, која го осуди нападот на руските хакери.

Групата „Fancy Bears“, на јавноста и се претстави во вторникот, кога објави дека ќе се бори за фер плеј во спортот и дека документите за сестрите Вилијамс и Симон Бајлс се првите од многуте кои ќе бидат објавени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП