11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТери го пропушта дербито со Ливерпул

Тери го пропушта дербито со Ливерпул

teri444

Капитенот на фудбалерите на Челзи, Џон Тери, поради повреда на скочниот зглоб неколку денови ќе биде надвор од тренажниот процес.

Тери се повреди во саботата,на мечот со Свонси (2-2), но во клубот се сомневаа дека повредата е сериозна и дека капитенот подолго време ќе биде надвор од тимот. Сепак, дополнителните прегледи покажале дека Тери само неколку денови ќе биде надвор од тренажниот процес.

Тери поради повредата ќе го пропушти дербито со Ливерпул кое ќе се одигра в петок (21 час) на „Стенфорд Бриџ“ во Лондон.

Местото на Челзи се очекува да го заземе Давид Луиз, кој неодамна од ПСЖ се врати во клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП