24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПараолимпиец трчаше побрзо од олимпискиот првак (видео)

Параолимпиец трчаше побрзо од олимпискиот првак (видео)

Image (13)

Алжирецот Абделатиф Бака на Параолимписките игри во Рио де Жанеиро направи неверојатен подвиг. Бака победи на трката на 1.500 метри, а неговото време во целта беше подобро за секунда и пол од она кое го постигна освојувачот на златниот медал на Олимпијадата во Рио пред еден месец.

Абделатиф Бака во категоријата Т13 (спортисти со оштетен вид), на трката на 1.500 метри победи со време 3:48.29 минути и го освои златниот медал и постави нов светски рекорд во ова категорија.

Бака направи вистински подвиг бидејќи неговото време е подобро од Американецот Метју Кентровиц, кој пред еден месец го освои златото на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Кентровиц забележа време 3:50.00 минути.

Покрај Бака медали на трката освоија и Тамиру Демиса од Етиопија и Анри Кирва од Кенија.

Интересно, најдобрите четворица параолимпијци во категоријата Т13, оставарија подобар резултат од олимпискиот првак на 1.500 метри, Кентровиц.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП