21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтартува Лигата на шампиони

Стартува Лигата на шампиони

champions 33

По нешто повеќе од три месеци и финалето во Лигата на шампионите, во кое Реал на пенали го победи Атлетико, елитното фудбалско натпреварување се враќа на стадионите ширум стариот континент. Реал одбраната на титулата ќе ја започне в среда, против Спортинг Лисабон на домашен терен. Дерби на првото коло е дуелот кој во вторник ќе го одиграат ПСЖ и Арсенал.

Триесет и две екипи, поделени во осум групи, во вторник ќе ја започнат борбата за трофејот во Лигата на шампионите во сезоната 2016/2017. Реал ја брани титулата и е еден од фаворитите оваа сезона заедно со Барселона, Баерн Минхен, Јувентус, Атлетико, ПСЖ…

Два тима сезонава дебитираат во елитата, тоа се англискиот првак Лестер и рускиот вицешампион Ростов. Останатите екипи, во најголем дел се редовни учесници во ЛШ (Порто, Бенфика, ЦСКА Москва, Севилја, Динамо Киев, ПСВ Ајндховен, Селтик). Честа на балканскиот фудбал одново ќе ја брани Динамо Загреб.

И оваа сезона клубовите финансиски добро ќе го наплатат својот труд. Само за пласман во фазата по групи секој клуб заработи 12 милиони евра, секоја победа се наплаќа со 1,5 милиони евра, а освоен бод вреди 500.000 евра. Пласман во нокаут рундата носи дополнителни 5,5 милиони евра.

Првиот ден најпривлечен ќе биде дуелот помеѓу ПСЖ и Арсенал, екипи кои заедно со Лудогорец и Базел партиципираат во А групата.

„Иако не ги добивме последните две средби во првенството, сепак атмосферата во тимот е одлична. Играчите сакаат да го поправат впечатокот. Од моето доаѓање во Париз на играчите им зборувам дека само напорната работа и оптимизмот можат да ни донесат позитивни резултати. Ќе видиме со каков состав ќе му се спротивставиме на Арсенал. Тијаго Силва, Максвел и Пасторе се неизвесни“, рекол новиот тренер на ПСЖ, Унаи Емери.

Неговиот многу поискусен колега Арсен Венгер смета дека ПСЖ поради заминувањето на Златан Ибрахимовиќ е послаб од минатата сезона.

„Златан е повеќе од фудбалер. Тој е харизматичен лидер на тимот. За разлика од минатата сезона ПСЖ го смени и тренерот. Ќе видиме како сето тоа ќе изгледа на теренот“, рекол Венгер.

ЛШ, вторник 13.септември:

Група А: Базел-Лудогорец, ПСЖ-Арсенал

Група Б: Бенфика-Бешикташ, Динамо Киев-Наполи

Група Ц: Барселона-Селтик, Манчестер Сити-Борусија Менхенгладбах

Група Д: ПСВ Ајндховен-Атлетико Мадрид, Баерн Минхен-Ростов

ЛШ, среда 14.септември:

Група Е: Тотенхем-Монако, Баер Леверкузен-ЦСКА Москва

Група Ф: Легија Варшава-Борусија Дортмунд, Реал Мадрид-Спортинг Лисабон

Група Г:  Клуб Бриж-Лестер, Порто-Копенхаген

Група Х: Лион-Динамо Загреб, Јувентус-Севилја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП