24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛукаку го декласира Сандерленд

Лукаку го декласира Сандерленд

luki39

Евертон славеше во Сандерленд со 3-0 во последниот мач од четвртото коло во Премиерлигата. Белгиецот Ромелу Лукаку ги постигна трите гола и тоа во период од само 11 минути.

Евертон, во Сандерленд, ја забележа третата сезонска победа и го израмни најдобриот старт во сезоната по првите четири рунди. Во 1994 година Евертон исто така сезоната ја започна со три победи и еден пораз.

Лукаку блескаше на овој меч и со три гола го прекина голкетерскиот пост, последен пат тој постигна гол во март минатата сезона.

Белгиецот во 60-та и 68-та минута погоди со глава, а во 71.минута постигна гол со левата нога.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП