16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед го собори англискиот рекорд, пријави приход поголем од 500 милиони фунти

Јунајтед го собори англискиот рекорд, пријави приход поголем од 500 милиони фунти

junajted

Иако минатата сезона под водство на Ван Гал беше резултатски разочарувачка, Манчестер Јунајтед сепак има причини за задоволство.

Јунајтед финансиската година ја заклучи со 515 милиони фунти (околу 600 милиони евра) приходи, со што стана првиот англиски клуб што ја проби волшебната граница од 500 милиони фунти.

Јунајтед привлече 14 нови спонзори, а приходите од рекламите, ТВ правата и натпреварите исто така пораснале. Овој успех е уште поголем ако се земе предвид дека не играа Лига на шампиони, а првенството го заврши на разочарувачкото петто место со 15 бодови заостаток зад водечкиот Лестер, заради што ниту оваа година нема да игра во најелитното клупско натпреварување.

Оваа сезона се очекува продолжување на растот и се предвидува дека приходот ќе изнесува 540 милиони фунти(640 милиони евра). Со тоа би и се приближиле на Барселона, која е водечка во таа категорија со 570 милиони фунти(680 милиони евра) приходи.

„Добрите финансиски резултати ни овозможија инвестирање во тимот, стручниот персонал и инфраструктурата, со цел освојување на трофеи во претстојните сезони“, изјави извршниот потпретседател на Манчестер Јунајтед, Ед Вудвард.

Бето долгот пораснал за 5,7 милиони фунти и сега изнесува 260,9 милиони, а во клубот тоа го објаснуваат со движењето на курсот на валутните берзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП