28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАТП: Мари ја намали предноста на Ѓоковиќ

АТП: Мари ја намали предноста на Ѓоковиќ

мари-гјоко

Новак Ѓоковиќ и покрај поразот во финалето на УС Опен, ја задржа првата позиција на АТП листата, но до крајот на годината му престои голема борба доколку сака да остане светски број 1.

Ѓоковиќ загуби во четири сета од Стан Вавринка во финалето на УС Опен, што му овозможи на второпласираниот Енди Мари да ја намали разликата на помалку од 5.000 поени. Британецот не загуби бодови на УС Опен бидејќи забележа подобар резултат од оној кој го постигна минатата година.

Српскиот тенисер до крајот на сезоната брани четири титули: Пекинг, Шангај, Париз и на завршниот Мастерс во Лондон.

Ѓоковиќ на врвот има 14.040 бодови, Мари е втор со 9.485, а трет е Вавринка. Рафа Надал се врати на четвртата позиција, а петти е Кеи Нишикори, кој на претходното рангирање беше седми. Милош Раониќ го задржа шестто место, седи е Роџер Федерер, кој веќе ја заврши сезоната, Гаел Монфилс „скокна“ четири места и сега е осми, деветти е Томаш Бердих, а десетти младиот Австриец Доминик Тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП