26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВТА: Кербер нова број 1 во женскиот тенис

ВТА: Кербер нова број 1 во женскиот тенис

кербер000

Женскиот тенис, од понеделникот официјално ја доби новата број 1. На најновата ВТА листа на врвот е Германката Анжелик Кербер.

Кербер е првата Германка по пауза од 20 години која се искачила на врвот на листата. Во 1996 година на врвот беше легендарната Штефи Граф.

Кербер, во саботата го освои УС Опен и ја комплетираше својата најуспешна недела во кариерата. Германката во три сета славеше над Каролина Плишкова, која претходно стана само третата тенисерка во историјата која на еден Грен слем турнир ги победила сестрите Вилијамс.

Анжелик Кербер на врвот ја смени Серена Вилијамс, која на првата позиција се наоѓаше 186 недели.

Зад Кербер и Серена се наоѓаат Гарбиње Мугуруса, Агњешка Радванска и Симона Халеп. На позитицата број 6 е Плишкова која на претходното рангирање беше 11-та. Зад тенисерката од Чешка се Венус Вилијамс, Карла Суарез Наваро, Медисон Киз и Светлана Кузњецова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП