6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСпектакл на УС Опен, Вавринка ја освои титулата

Спектакл на УС Опен, Вавринка ја освои титулата

vavri-vav

Стaн Вавринка е новиот шампион на отвореното првенство на САД во тенис. Швајцарецот, во финалето, на последниот Грен слем во сезоната, го победи бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ со 3-1 (6-7, 6-4, 7-5, 6-3 ). Вавринка освои 2.000 АТП поени и 3,5 милиони долари.

Стан Вавринка блескаше против првиот носител Новак Ѓоковиќ и во Њујорк успеа да ја освои својата трета Грен слем титула. Претходно Вавринка победи на Австралија Опен во 2014 и Ролан Гарос во 2015 година.

Швајцарецот во Њујорк ја забележа само петтата победа над Ѓоковиќ во нивниот 24-ти меѓусебен дуел, но исто така тој ја запиша втората победа против српскиот тенисер во исто толку меѓусебни соочувања во финалните мечеви на Грен слем турнирите.

Вавринка одигра агресивно, го надигра првиот светски рекет и заслужено стигна до победата за нешто помалку од четири часа игра. Ѓоковиќ се обидуваше, но со исклучок на воведните седум гема, тој покажа дека е далеку од формата која ја имаше до Ролан Гарос, формата со која доминираше година и пол во светскиот тенис.

Клуч за триумфот на Вавринка покрај разновидната и агресивната игра, беа и брејк шансите, односно нивната искористеност. Вавринка искористи шест од десетте брејк шанси, додека Ѓоковиќ во тој сегмент беше катастрофален од 17 можности, тој успеа само три пати да му го одземе сервисот на противникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП