4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГолман херој, одбранил три пенали на еден меч (видео)

Голман херој, одбранил три пенали на еден меч (видео)

белл-херој

Голманот на Данди Јунајтед Ками Бел е апсолутен херој во сите европски национални првенства изминатиов викенд. Бел на мечот со Данфермлејн одбрани три пенали.

Ками Бел на Данди Јунајтед направи подвиг кој ретко се случува на фудбалските терени, тој за 20 минути, во периодот од 21-та до 41-та минута одбрани три удари на противничките играчи од 11 метри.

Редоследно Бел ги бранеше пеналите на Муреј, Кларк и Мекмулан. На крајот Данди Јунајтед победи со 3-1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП